Новиот шпански прволигаш тргнува по Барди!

Тимот на Алмерија, кој неодамна обезбеди пласмам нво Ла Лига во Шпанија, е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Оваа вест ја пренесе АС дознавајќи од свои избори.

Барди летово веројатно ќе го напушти Леванте, откако веројатно двете страни се согласиле дека ќе нема соработка, но тимот од Валенсија, сепак, ќе заработи нешто. Леванте се наоѓа во финансиска криза, и мора да покрие „дупка“ од 10 милиони евра, а еден од оние кои ќе бидат продадени веројатно ќе биде и Барди.

Барди е веќе пет години во Леванте, и сега ќе се случи разделба. Покрај нив, за Барди има интерес и од Францја и Италија. И самиот фудбалер би немал ништо против одново да настапува во најсилната шпанска лига, доколку се договорат со Алмерија.

Се вчитува...