Новиот сопственик на Лион: Финансиски можеме да му парираме на ПСЖ, ќе се бориме за титулата

Новиот газда на Лион, американскиот бизнисмен Џон Текстор истакна дека клубот сега може финансиски да му парира на ПСЖ и дека ќе вложи пари со цел тимот да се врати на шампионските патеки. Лион чека титула цели 14 години, а последен пат ја освои во 2008 година. Од тогаш доминира ПСЖ откако беше преземен од катарскиот конзорциум и стана најбогат клуб во Франција.

Минатата сезона Лион заврши 27 поени зад Парижаните, но Текстор сега најавува сосема поинакви времиња за Лион.

„Мислам дека за неколку години ќе ги стигнеме. Сакаме да освојуваме титули. Во нашиот фудбалски клуб можеме да имаме толку капитал колку ПСЖ“, рече Текстор, кој најавил веднаш 86 милиони за засилувања.

Лион го врати во своите редови Александер Лаказет од Арсенал, а пред враќање е и Корентин Толисо.

Текстор има уддел и во Кристал Палаз, бразилскиот Ботафого и белгискиот Моланбек.

Се вчитува...