Новиот тренер на Лајпциг ќе дебитира против клубот од каде што го избркаа

После поразот од Шахтјор во Лигата на шампионите, Лајпциг се реши да го смени тренерот Доменико Тедеско. Слабите резултати на стартот од сезоната во Бундеслигата му „пресудија“ на италијанскиот тренер кој доби отказ, а него го замени Марко Розе.

Розе беше поранешен тренер на Салцбург, Борусија Менхенгладбах, а лани беше во Борусија Дортмунд. И кога се очекуваше тој да остане на клупата на „милионерите“, раководството се реши да му врачи отказ. На негово место дојде Един Терзиќ, кој добро ја почна сезоната.

Судбината сакаше Марко Розе да го има своето деби токму против Борусија Дортмунд. Тоа ќе значи и можност за одмазда на германскиот тренер против тимот од каде го избркаа, и покрај тоа што очекуваше дека ќе го одработи договорот до крај.

Дуелот се игра во сабота во 18:30, а Лајпциг ќе биде домаќин.

Се вчитува...