Новиот Вардар од Струга тргнува кон вистинските предизвици

Против Охрид, во дуел до стартната рунда на традиционалниот турнир во Струга, изменетиот Вардар предводен од Стевче Алушевски ќе го има првиот официјален натревар. Тимот во кој останаа дел од играчите од шампионската сезона, но дојдоа и нови македонски репрезтативци, но и странски респектасбилни имиња во Струга ќе ја има првата вистинска контрола во пресрет на новата сезона. Во оваа конкуренција покрај Вардар и Охрид се и Пелистер 2 и Бутел.

„Екипата на Охрид од лани ја знам. Се работи за квалитетен тим што не е за потценување. Пелистер 2 е млад тим со неколку искусни играчи кои имаа настапувно за посериозни екипи. Бутел е тим што е во врвот на домашното првенство. Овој момент е добро да играме вакви натпревари. Ние сме фаворити, но никого не потценуваме. Ова ќе биде вистинска проверка на се што сме работеле“ – вели предводникот на тимот Алушовски.

Вардар неколку години не беше дел од турнирот во Струга на кој има 12 трофеи, последниот од 2007 година. Сепак за тренерот Алушовски овие бројки не мора ништо да значат со оглед дека клубот подолго време не се натпреварувал во крајбрежниот град. Програмата денеска на турнирот ја отвораат Бутел и Пелистер 2, потоа се среќаваат Металург и Прилеп, а во вечерниот термин е мечот меѓу Вардар и Охрид. Охриѓани вчера во првиот дуел забележа победа над Бутел.

Вардар на крајот од овој месец треба да го одигра возвратниот натпревар од четвртфиналето во СЕХА лигата против Нексе, а потоа според планот му претстои и Ф4 турнирот во регионалното натпреварување. Во средината од септември треба да ја почне и новата сезона во Лигата на шампионите.

Се вчитува...