Новицки не оди во пензија: Ќе ја игра и својата 20-та сезона во НБА!

Дирк Новицки и следната сезона ќе го носи дресот на Далас во НБА лигата. Легендарниот Германец ќе ја игра и сезоната 2017/18 која за него ќе биде јубилејна 20-та во НБА.

Целата своја кариера Новицки ја мина во Далас, со тимот со кој во 2011 година дојде и до шампионската титула. Тогаш го понесе и епитетот најкорисен кошаркар во големото финале. Далас има опција за продолжување на договорот со Германецот за уште една сезона потоа за 25 милиони евра.

Изминатава сезона Дирк одигра 54 натпревари, со просечен ефект од 14,2 поени и 6,5 скока. Моментално е шестти на вечната листа на најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата.

Се вчитува...