Ново аеродромско славје во Сараево (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со перфектинот учинок на третиот балон на АБА2 лигата. Откако пред два дена славеа над Хелиос, овој пат избраниците на Дарко Радуловиќ беа подобри и од домаќинот Спарс (77-87).

„Сино-белите“ одиграа одличен натпревар на двата дела од теренот, адут беше и шутот за три поени каде беа реализираше 11 од 22 обида, беше спречен секој налет на противникот кој се обиде да ја надокнади двоцифрената негатива од првите 20. минути во вторите, но секој налет беше умешно сречен за славје во главниот град на Босна и Херцеговина.

 

Се вчитува...