Дерби дуелот меѓу МЗТ Скопје и Работнички што се играше синоќа мина без преголема жар на теренот, но и на трибините. Сепак, двата скопски ривали ќе мора повторно да платат казни поради однесувањето на своите навивачи, одлучи новиот комесар за натпреварување, Сречко Хорват.
Како што е наведено во најновиот билтен, МЗТ Скопје е казнет со 20.000 денари за палење на чадни бомби, а истата сума ќе треба да ја плати и Работнички откако неговите навивачи фрлија неколку петарди на трибините за време на дербито.
Од останатите казни, Игор Пенов од Куманово ќе треба да плати 8.000 денари за техничката грешка на дуелот со Блокотехна, но искусниот кошаркар исто така е казнет и со дополнителна суспензија од еден натпревар, што значи дека тој ќе го пропушти наредниот дуел со Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА