Ново фијаско на Ангели, Кожув славеше со „плус 38“

Екипата на Ангели останува закована на последното место на прволигашката табела откако денеска претрпе нов пораз, овојпат на гостувањето во Гевгелија против Кожув со убедливи 105-67. Како и во бројни ситуации претходно, повторно огромниот пад во второто полувреме беше клучен фактор за избраниците на тренерот Георгиевски на крајот да претрпат убедлив пораз.

Првата четвртина мина во солиден отпор на гостинскиот тим, па Кожув имаше водство од 20-17 по десет минути игра. Домашните кошаркари на одмор заминаа со предност од 41-33, за потоа во третата четвртина целосно да доминираат на теренот, добивајќи го овој период од мечот со 37-18 и трасирајќи си го патот кон најубедливата овосезонска победа.

Симоновски со 22 и Вилијамс со 19 постигнати поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на Ангели беше Атанасов со 20 поени.

Се вчитува...