Баерн Минхен повторно ги разочара своите фанови ремизирајќи 2-2 на гостувањето против Фрајбург, резултат со кој баварскиот гигант си ги сведе само на теорија шансите за освојување на 12. шампионска титула во низа во Бундес-лигата. Немоќта на Томас Тухел е и повеќе од очигледна и доколку минатиот викенд Баерн имаше среќа со голот на Кејн во 93. минута против ЛАјпциг овојпат ФРајбург беше тимот што во финишот успеа да стигне до израмнување, преку Холер во 87. минута од натпреварот.
Мечот почна со ладен туш за фаворитот откако Гунтер во 12. минута со прецизен удар од дваесетина метри го матираше Нојер. Баерн успеа да се врати преку младиот Тел, кој со маестрален удар од дваесет метри донесе израмнување. Двата тима имаа свои шанси, но Баерн прв стигна до предност по велемајсторскиот гол што го постигна Мусиала.
Тухел реши да се брани, го замени Мусиала со Упамекано, а таквиот пристап придонесе да биде примен наивен гол во завршницата. По аут од десната страна еден домашен играч без мака ја смири топката, местејќи ја за Холер кој постигна ефектен погодок за огромна радост на домашните навивачи.
Баерн Минхен заостанува седум бода во однос на лидерот Баер Леверкузен, но има и меч повеќе во однос на „фармацевтите“ кои викендов му гостуваат на тимот на Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА