Ново финале: Калин Ивановски ќе игра за нов трофеј

Калин Ивановски се избори за ново финале на ИТФ турнирите откако македонскиот тенисер стигна до место во мечот за трофејот на турнирот во Красмаш, Австрија што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Ивановски за ривал го имаше Французинот Матис Ерхард, кој изнанади со подобра игра во првиот сет, добивајќи го со 4-6. Калин не само што успеа да се врати, туку доминантно ги одигра преостанатите два сета, славејќи со идентични 6-2, 6-2, за заслужен пласман во големото финале.

Тој во мечот за титулата ќе се сретне со подобриот од дуелот Крафорд (САД) – Ли (Ј. Кореја), во обид да стигне до нова сингл-титула во кариерата.

Се вчитува...