Полуфиналните средби во плејофот на прволигашката кошарка на Македонија продолжуваат денеска во СРЦ „Кале“ од 18 часот каде не очекува вториот натпревар од серијата помеѓу вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје, натпревар кој може да го даде првиот учесник во овогодинешното финале.
За да не дојде до истото денеска на победа ќе треба да се радува „црвено-бела“ страна од градот, но за тоа Работнички ќе мора да биде фокусиран во текот не целиот натпревар против АБА лигашот. Првата средба во СЦ „Јане Сандански“ ни ги исполни очекувањата за неизвесна серија, но неизвесноста траеше 32. минути по што „сино-белите“ за само две минути успеаја да го скршат отпорот на противникот.
View this post on Instagram
Денеска не очекуваат уште две други средби од прволигашката сцена, а тоа се дуелите помеѓу Струмица и Чаир 2030 (17 часот и 30 минути) и Куманово и Академија ФМП (18 часот). Во плејаутот веќе се е познато па и овие средби ќе бидат можност за докажување на младите кошаркари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА