Ново име во „Градски Парк“: Младеновиќ со потпис за Работнички

Работнички долго време беше „мирен“ на кошаркарската берза, но јасно беше дека Марин Докузовски ќе ангажира нови кошаркари пред почетокот на Супер-лигата.

Прво од двете најавени засилувања за актуелниот првак на Македонија е Стефан Млaденовиќ, плејмејкерот кој беше важеше за еден од најдобрите кошаркари на Охрид во регуларниот дек од сезоната. Младеновиќ има македонско потекло, па ќе настапува за „црвено-белите“ како домашен играч, што не менува премногу за Докузовски со оглед на фактот дека единствено Чавдар Костов е странец во овој играчки ростер на „центарци“.

Охриѓани дале зелено светло за заминувањето на овој кошаркар, а како замена тимот што ќе се натпреварува во плејаут-лигата ќе го ангажира младиот Настевски од редовите на МЗТ Скопје.

Се вчитува...