Ново изненадување на Вимблдон: Фуковиќ го изненади Рубљов и закажа дуел со Ѓоковиќ

Мартон Фуковиќ ќе биде ривал на Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Вимблдон. Унгарскиот тенисер го постигна најдобриот резултат на Гранд слам турнирите, бидејќи во осминафиналето го совлада петтиот носител Андреј Рубљов со 6-3, 4-6, 4-6, 6-0, 6-3.

Унгарецот, моментално 48. играч во светот, за првпат во кариерата ќе игра четвртфинале на еден гранд слам турнир. Досега, неговиот најдобар резултат на Вимблдон беше пласман во втората рунда.

Фуковиќ стана третиот унгарски тенисер кој се пласирал во четвртфиналето на турнирот во Лондон. Победата над седмиот тенисер од АТП-листата дојде по голема борба, два часа и 40 минути игра.

 

 

 

Се вчитува...