Вардар губи од Монпелје со 13-14 на полувремето од последниот натпреваро од групната фаза во ракометната Лига на шампиноите. Одлично издание на голот на Вардар има младиот голман, Марко Кизиќ кој во првите 30 минути има седум одбрани.
Вардар имаше одличен почеток на натпреварот, поведе со 3-0, потоа и со 4-1 и одржуваше предност се д 20-та минута кога, Монпелје го забележа првото водство на средбата со 8-9. Потоа францускиот тим имаше и 8-10, „црвено-црните“ се вратија до 12-12, но во финишот и покрај важните одбрани на Кизиќ, пропуштија неколку прилики и шанса за нерешен резутат на полувремето.
Капитенот Столе Стоилов засега е прв стрелец со пет постигнати гола. На Варар му е потребна победа за да се надева на кикс на Порто кај Мешков Брест за да се пробие на петтата позиција на табелата. Но Порто има убелдиви 13-17 на паузата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА