Ново олеснување за Барселона – Пјаниќ на позајмица во Бешикташ (ФОТО)

Барселона доби ново финансиско олеснување откако вториот најплатен играч во составот, Миралем Пјаниќ премина на позајмица во редовите на Бешикташ до крајот на сезоната, потврди турскиот клуб. Притоа тимот од Истанбул ќе плаќа 2.7 милиони евра од платата на играчот за врска.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина кој пристигна како големо засилување за Барселона не успеа да се наметне на „Камп Ноу“ по што го изгуби своето место во тимот и воошто не беше во плановите за новата сезона.

Се вчитува...