Ново поместување: Мечот Македонија – Косово (ре)одложен за септември

Полуфиналниот плејоф натпревар од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово, кој првично беше закажан за 26 март, а потоа и за 4 јуни, повторно ќе биде одложен, и тоа за септември. Ова е најновото решение на УЕФА. Претседателот Александер Чеферин во текот на денешниот ден ќе има состанок преку видео-врска со претставниците на сите 55 членки на УЕФА и ќе ги извести за новите предвидени термини околу завршувањето на националните лиги, настапите на националните селекции, предвидените нови термините како опции за одигрување на мечевите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и сите останати натпреварувања во организација на Европската куќа на фудбалот.

Националните првенства добиваат приоритет, мора да завршат во најбрз можен рок по завршувањето на пандемијата на коронавирусот, а полуфиналниот бараж меѓу Македонија и Косово, како и финалниот меч, планиранои е да се играат на почетокот на септември, опционално, од 3. до 8. септември.

Лигата на шампионите, според новите проекции, треба да заврши на крајот на јули или почетокот на вгуст. Сето ова сепак треба да добие официјална потврда и со соопштение од УЕФА до крајот на денот.

Се вчитува...