Ново правило во Италија: Кој сака во Супер-лига, нека се збогува од лиценца за Серија А

Обидот за формирање на Суперлига во европскиот фудбал не се покажа успешен, но италијанските фудбалски власти смислија добар план за да ги спречат своите гиганти во иднина воопшто да помислат на такво нешто.

Јувентус се уште јавно се нема откажано од идејата за Суперлига како што тоа го сторија Милан и Интер, но челниците на Италијанската Фудбалска Асоцијација одлучија како ќе се справат со ваква ситуација во иднина. Или поточно, се погрижија воопшто да не дојде до вакво нешто вметнувајќи нов член во процедурата за добивање лиценца што се обновува пред секоја натпреварувачка сезона.

Во тој член е наведено дека клубовите смеат да учествуваат само во лиги кои се признаени од ФИФА и од УЕФА. Доколку некој од тимовите реши да настапи во приватно натпреварување непризнаено од овие две институции, тоа ќе значи и автоматско исфрлање од Серија А.

Сега на потег се челниците на клубовите, кои во случај на поддржување на ставот за Суперлигата во иднина, ќе треба покрај од ЛШ да се откажат и од домашното италијанско натпреварување.

Се вчитува...