Ново „ре-пе-те“ за Шкендија од Вардар, нов триумф на Академија Пандев (ФОТО)

Македонскиот првак Вардар и го нанесе првиот пораз на Шкендија во овој шампионат, совладувајќи ја со 4-2 во дерби натпреварот од денешното десетто коло во Првата фудбалска лига. Тоа е ’одмазда’ за поразот во првото коло во Тетово, или „ре-пе-те“, како што милуваат да кажат фановите на Вардар, со оглед дека Шкендија редовно губи првенствени пресметки на арената „Филип Втори“.

vardar - skendija nova 2Стенио Жуниор прв ја доведе Шкендија во водство во 27.минута, и со тој резултат се замина на одмор. А вториот дел беше неверојатно интересен. Фелипе од пенал израмни на 1-1 во 55.минута, а девет минути подоцна имаше пенал и за Шкендија, кој во ново водство го претвори Бесарт Ибраими.

Но, потоа следеше супер-финиш на „вардарци“. Дејан Блажевски во 65.минута донесе ново израмнување (2-2), а Фелипе Рибеиро во 74.минута со удар од голема далечина го совлаза Захов, кој имаше лоша реакција, за прво водство на шампионот. Во завршницата и Итало постигна погодок за конечен триумф на Вардар од 4-2.

Ренова го победи Работнички со 2-1 во Тетово. Арџент Гафури во шестата минута го отвори резултатот, а Валмир Нафиу од пенал заголеми на 2-0 во 56.минута. Кире Маркоски во 72.минута ја затресе мрежата на „гипсарите“, но Валмир Нафиу во 90.минута со својот втор гол го постигна конечниот резултат, 3-1 во корист на Ренова.

skopje-sileks 14.10 (8)

Скопје и Силекс ремизираа 1-1 на „Железарница“. Во еден интересен и тензичен натпревар, „пиратите“ поведоа со 1-0, со голот на Дарко Ѓурчиновски во 16.минута. Но, Силекс не се предаде, и успеа да стигне до бод со голот на Антонио Бујчевски во 88.минута од натпреварот.

skopje-sileks 14.10 (6)

Академија Пандев оствари победа од 2-0 над Шкупи на стадионот „Младост“ во Струмица. Стрелец на двата гола беше искусниот напаѓач Зоран Балдовалиев. Тој од пенал во 58.минута го доведе својот тим во водство, а во завршницата постигна и втор погодок, за нови три бода за „пандевци“.

Пелистер е пред триумф во пелагониското дерби, со оглед дека има водство од 2-0, со двата гола на Лукас Кардосо. Овој меч започна подоцна, поради тоа што гостинските фудбалери мораа да ја променат спортската опрема.

ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 4-2

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 3-1

СКОПЈЕ – СИЛЕКС 1-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 2-0

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА 2-0 (во тек)

ТАБЕЛА: Шкендија 25 бодаВардар(-2) 19Академија Пандев(-1) 17Силекс 14Шкупи 12, Пелистер 12, Победа 9, Ренова 10, Работнички(-1) 7, Скопје 5 бода.

Се вчитува...