Ново ремек-дело и триумф на Сара Ристовска во ЛШ (видео)

ЦСКА Москва стигна до втората победа во Лигата на Шампионите откако тимот на нашата репрезентативка Сара Ристовска по голема битка го совлада Савехоф со 29-28.

Рускиот состав клучната предност ја направи во првото полувреме што ЦСКА го доби со 14-11. Домашните ракометарки го контролираа резултатот до самиот крај, пред Савехоф во последните минути да се приближи на конечните „минус еден“, за заслужен триумф на ЦСКА на оваа средба.

Сара Ристовска го заврши натпреварот со три гола од четири обиди, додека најефикасни во редовите на ЦСКА беа Илина и Сабирова со по шест погодоци.

Се вчитува...