Откако пред неколку дена Андре Шурле го шокираше светот кога на само 29 години најави дека заминува во пензија, уште еден фудбалер од златната генерација на германската репрезентација одлучи да ги закачи копачките на клин. Бенедикт Ховедес се одлучи на 32 години да заврши со професионалното занимавање со фудбал.
„До крај уживав во фудбалот. Тешко е да се откажеш, но веројатно коронавирусот и натпреварите на празни стадиони беа пораката која ја чекав како би ја завршил кариерата. Парите веќе не ми се важни, заработив доволно“, изјави Хеведес.
Хеведес поголемиот дел од кариерата го помина во Шалке, а беше дел и од Јувентус и Локомотив Москва. За репрезентацијата на Германија запиша 44 настапи на кои постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА