Ново шоу на Џеси Лингард и задоцнет камбек на Лестер

Џеси Лингард продолжува со импресивните настапи во дресот на Вест Хем, задржувајќи ги „чеканите“ на четвртото место на табелата кое води во ЛШ.

Тимот на Дејвис Мојес денеска за ривал го имаше четвртопласираниот Лесстер, совладувајќи го со 3-2 токму блаагодарение на Лингард, кој блеска откако пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед. Англискиот ас ги постигна првите два гола за Вест Хем, а потоа учествуваше и во акцијата за 3-0 во која прецизен беше Боувен.

Ихеаначо постигна два гола во второто полувреме за да го ублажи поразот, премалку за да се направи целосен камбек и да се избегне пораз.

Лестер останува на третото место со 56 бода, сега само со еден повеќе од Вест Хем, петтопласираниот Челси има 54, а Ливерпул 51 бод на своето салдо.

Се вчитува...