Ново „скудето“ за Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус на пет кола до крајот на првенствто и официјално ја одбрани шампионската титула во Серија А. „Старата дама“ со триумфот над Фиорентина (2-1) во Торино создаде недостижна предност од 20 бода во однос на првиот конкурент Наполи. По елиминацијата од Лигата на шампионите, сепак, причина за задоволство меѓу фудбалерите на Јувентус. Тоа е осма последовна титула за овој клуб.

Фиорентина поведе со голот на Никола Миленковиќ во шестата минута, но „Алијанц арена“ во Торино не се освојува лесно. Алекс Сандро израмни на 1-1 во 37.минута, а во вториот дел Герман Пецела постигна автогол во 53.минута за триумф на Јувентус и за шампионско славје во Торино.

Се вчитува...