Ново жариште од Ковид-19, на 20 километри од куќата на Роналдо

Кристијано Роналдо ќе биде принуден што поскоро да се врати назад во Торино, откако португалскиот ас се соочува со поголема опасност од коронавирусот по ширењето на оваа болест низ Португалија.

Последните информации говорат за се поголем број на заразени лица во Камара де Лобос, место што е само 20 километри оддалечено од луксузната вила што фудбалската суперѕвезда ја има во Мадеира. Роналдо од заминувањето од Италија со семејството е сместен токму во оваа вила, но последните вести од Португалија се загрижувачки за него и неговото семејство, особено за мајката на Кристијано, која пред неколку месеци имаше мозочен удар.

„Камара де Лобос е место што има потенцијал да стане ново жариште на епидемијата, по што таа може лесно да се прошири во целиот регион“, изјави регионалниот претседател на Мадеира, Мигел Албукерке.

Роналдо не сакаше да се врати назад во Италија додека не му бидат дадени точните датуми за почеток на тренинзи (предтходно ќе мора да мине две седмици во изолација) и на продолжението на сезоната, но развојот на состојбата во Португалија ќе придонесе тој веќе во следните 72 часа со приватен авион да пристигне во Торино.

Се вчитува...