Ново злато и светски рекорд за Швеѓанецот Ван дер Пул на 10 километри брзо лизгање

Швеѓанецот Нилс ван дер Пул ги детронизира Холанѓаните во спортот во кој што доминираат брзото лизгање. По титулата на 5.000 метри неверојатниот Швеѓанец стигна до златниот медал и на двапати подолгата дистанца.

Тој 10.000 метри на Зимските олимписки игри ги помина за време од 12:30.74 што е време на нов светски рекорд. И претходното најдобро време во историјата на оваа делница беше во негова сопственост од Херенвен минатата година.

Сребрениот медал му припадна на најголемиот ривал на Ван Дер Пул, Холанѓанецот Патрик Рост кој доцнеше неверојатни 13.85 секунди. Со бронзата се закити Италијанецот, Давиде Џото кој доцнеше 15.24 секунди зад времето на победникот.

Се вчитува...