Ново злато за Јоханес Тингнес Бо на ЗОИ во Пекинг

Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо стана најуспешниот натпреварувач на зимските олимписки игри во Пекинг, освојувајќи го четвртиот златен медал. Тој денешната масовна трка на 15 километри ја заврши со време од 38:14.4 минути што беше и повеќе од доволно за освојување на петото одличје на игрите и вкупно четврто злато.

Сребрениот медал изненадувачки му припадна на Швеѓанецот, Мартин Понсулома кој на крајот заврши со 40.3 секунди заостанување зад златниот Швеѓанец. Со бронзата се закити вториот Норвежанец, Ветле Сјастад Кристиансен кој доцнеше 1:04.7 минута зад победникот.

Французинот, Квентин Фијо-Маје пропушти да испише историја и да стигне до медал на сите трки на кои настапи на игрите, откако потфрли во последното гаѓање промашувајќи дури три пати и на крајот заврши само како четврти.

Медали беа доделени и на трката на 1000 метри брзо лизгање во машка конкуренција, каде златото му припадна на Холанѓанецот Томас Крол, пред Лорен Дубрел од Канада и Хавард Холмефјорд Лоренцен од Норвешка.

Се вчитува...