Ново злато за Крихмајер на Светското првенство во Кортина

Австриецот Винсент Крихмајер e победник на трката во спуст освојувајќи го вториот златен медал на Светското првенство во алпско скијање кое се одржува во Кортина Д’Ампецо.

За Крихмајер ова е четврти медал од светските шампионати откако пред две години во Аре освои бронза во спуст и сребро во супервелеслалом.

По славјето во супервелеслалом пред три дена, Крихмајер денеска беше најбрз и на патеката за спуст минувајќи со време од 1:37.79 минути, и за само еден стоти дел од секундата беше побрз од Германецот,Андреас Сандер. Бронзениот медал го освои Беат Фојц од Швајцарија.

На Светскиот шампионат во Кортина утре на програмата се трките во алпска комбинација во машка и женска конкуренција.

Се вчитува...