Новогодишна ноќ за трипл-дабл и рекорд на Вестбрук, и прва победа на Хјустон

Новогодишната ноќ во НБА лигата ја одбележаа одличната партија на Расел Вестбрук како и првата победа на Хјустон.

Вестбрук се запиша во историјата како втор кошаркар на кого му успеало првите четири меча од сезоната да ги заврши со трипл-дабл. Прв беше легендарниот Оскар Робертсон, а од ноќва му се приклучи и Вестбрук кој на новогодишната ноќ запиша 22 поени, 10 скока и 11 асистенции, во поразот на Вашингтон од Чикаго од 133-130.

Прва победа сезонава запиша Хјустон на крилјата на Џејмс Харден. Хјустон во неизвесен меч славеше против Сакраменто со 122-119, а Харден натпреварот го заврши со 33 поени.

Одличен во победничкиот настап беше и Џон Вол кој заигра по две години пауза.

Јута загуби на домашен паркет од Феникс со 95-106. Санс со 25 поени ги преводеше Дени Букер, а кај домашните се истакнаа Донован Мичел со 23 поени и Руди Гоберт со 18 поени.

Во останатите натпревари Орландо загуби со 92-116 од Филаделфија, Торонто го победи Њујорк со 100-83, Оклахома загуби од Њу Орлеанс со 80-113.

Се вчитува...