НовоЛото 7/34 со нова 7ка, прва во Неготино

Во 69-тото коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во среда на 30-ти август 2017, постигната беше добивка 7-ка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари.Уплатата е реализирана во Неготино во среќното место Корзо. Уплатен е полн систем од осум броеви, т.е. осум комбинации од по 20 денари  со што вкупната уплата на играчот изнесува 160 денари. Покрај  седумката вредна 6 000 000 денари, системот носи добивка и од седум шестки во вредност од 123 235 денари, па така вкупната вредност на добивката изнесува 6 123 235 денари. Среќните броеви извлечени во ова 69-то коло се: 4, 5, 15, 20, 24, 25, 32 и дополнителниот бројот 9.

Уплатата е реализирана на 30-ти август, на денот на извлекувањето, а ова е токму 17-тата седумка од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34. Среќното место Корзо во Неготино по прв пат во историјата на оваа игра на среќа е уплатно место на постигната 7-ка .  До сега градови во кои е постигната 7-ка се: Скопје со вкупно осум постигнати седумки, Битола со четири постигнати седумки, Куманово со две седумки, Свети Николе и Тетово со по една постигната седумка, а од денес и Неготино.

Највредната седумка до сега носеше 27.503.930,00, со броеви уплатени во киоск на Југодрво во Скопје, минатата, 2016-та година. Оваа 17-та седумка е трета по ред во оваа година, а година со најголем број седумки е 2015-та кога се постигнати дури четири 7-ки. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме со нашите лото играчи да го надминеме бројот на до сега рекордната 2015-та, по број на постигнати 7-ки. Фондот за 7-ка за наредното коло изнесува 6.000.000,00 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер ќе надмине 1.250.000,00 денари.

Среќниот добитник на оваа 17-та 7-ка го очекуваме во просториите на Државна лотарија на Македонија со електронската потврда за уплата на неговите среќни броеви, во врска со кои веруваме дека ќе добиеме интересна приказна која ќе ја споделиме со вас.

Играта НовоЛото 7/34 ја носи најголемата добивка во Македонија, а кој игра, тој добива.

          

ЗА  ДОБРО !

 

Се вчитува...