Новото засилување на Вардар „под нож“: Жозе Толедо го оперираше менискусот

Новото засилување на европскиот првак Вардар, Бразилецот Жозе Гилјерме де Толедо, нема да му биде на располагање на тренерот Давид Писонеро на почетокот од сезоната. Тој објави дека во текот на денешниот ден му била направена операција на десното колено за санирање на повредата на менискусот.

Паузата на десниот бек кој дојде од Висла треба да трае околу три месеци.

„Ќе бидам три месеци ‘во аут’, поради операција на менискусот. Ова не е начинот на кој сакав да ја почнам сезоната, но…ќе се вратам посилен“, напиша Толедо на Инстаграм.

Вардар ќе биде без него на Супер глоуб во Саудиска Арабија, како и во првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...