НЦАА: Јакимовски и Вашингтон Стејт сопрени во полуфиналето

Вашингтон Стејт за кој настапува и македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски претрпе елиминација во конференциското полуфинале во НЦАА плеј-офот. Подобар од тимот од главниот град на Соединетите американски држави беше Колорадо кој славеше со 58-52.

Македонецот нема по добро да го памети овој натпревар за Вашингтон Стејт со оглед на тоа што немаше добра шутерска вечер. Јакимовски погоди само еден од седумте обиди од поле и средбата ја заврши со четири поени на кои додаде и шест скокови за 36 минути поминати во игра.

Се вчитува...