Њу Орлеанс му врачи отказ на тренерот

Елвин Џентри е сменет од местото главен тренер на Њу Орлеанс пеликанс. Еден од најпознатите НБА тренери во Њу Орлеанс работеше од 2015 година, притоа со овој клуб изборувајќи само еден пласман во плеј-оф разигрувањето.

Од клубот, по отказот за Џентри, не информираат кој би бил неговиот наследник на клупата на тимот.

65-годишниот американски стратег, како помошен тренер во 2015 година го освои НБА прстенот со Голден стејт.

Се вчитува...