Нухиу е нов тренер на косовско Гњилане

Досегашниот тренер на Шкендија, Ардијан Нухиу е пред нов ангажман во Косово, преземајќи го суперлигашот Гњилане.

Нухиу по разделбата со тетовци на средината од актуелната сезона, повторно се враќа во Косово, каде ќе го предводи тимот на Гњилане заедно со досегашниот свој соработник Муарем Бајрами.

Како што пренесуваат косовските медиуми, спортски директор на клубот ќе биде поранешниот фудбалер на Вардар, Ертан Демири.

Се вчитува...