Нухиу: Ова е најважниот меч за нас и за цело Косово

Фудбалската репрезентација на Косово пристигна во Скопје, максимално мотивирана за успех иако нема да биде во комплетен состав. Недостигаат неколку одлични фудбалери како Ведат Муричи и капитенот Амир Рахмани, а во негово отсуство лента ќе му припадне на Атде Нухиу, напаѓачот на АПОЕЛ. Тој вели дека и за Косово е ова историски меч.

„Ова е неверојатно важен натпревар, не само за фудбалерите на Косово, туку за целата држава Долго го чекавме овој меч и максимално сме подготвени да се бориме до последен атом на силите. Ова е натпревар на животот за најголемиот дел од нас. Ќе бидеме без неколку одлични фудбалери, но ќе го чувствуваме пулсот на секој граѓанин на Косово. Дојдовме да оствариме посакуван резултат и да се пласираме во финалето на плејофот од Лигата на нации“, изјави Нухиу.

Се вчитува...