Нухиу се враќа на клупата на Шкупи, Сојдаш си замина по само пет меча!?

Поранешниот македонски репрезентативец Ардијан Нухиу би можел да се врати на клупата на Шкупи, откако чаирскиот прволигаш по само осум кола од новата сезона промени двајца тренери.

По последниот пораз на Шкупи од Ренова, од клубот си замина турскиот тренер Хајат Сојдаш кој, пак, по третото коло дојде на местото на Зекирија Рамадан. Сојдаш запиша само една победа, наспроти четири порази, по што следеше разделбата со чаирчани.

Сега, желбата на раководството на Шкупи е враќање на Ардијан Нухиу кој пред само еден месец се договори заедно со Шпетим Дуро да го води косовскиот прволигаш Дрита Гњилане. Доколку Нухиу се одлучи на разделба со Дрита тогаш во продолжение од шампионатот повторно би го водел Шкупи.

Како една од варијантите за нов тренер на Шкупи е и досегашниот тренер на Ренова, Јетон Беќири кој неодамна се раздели со „гипсарите“.

Се вчитува...