Њукасл Јунајтед е блиску до изборување на место во Лигата на Шампионите за сезоната 2025/26, но за потврдување на истото потребна е победа против Евертон во последниот натпревар од Премиерлигата.
А, за овој натпревар голема е веројатноста дека тренерот Еди Хау нема да може да смета на Александер Исак, еден од најдобрите фудбалери во сезоната кој постигна 23 и асистираше за шест голови на својот тим само во елитното англиско натпреварување поради повреда на препоните стакната непосредно пред почетокот на натпреварот со Арсенал.
„Не знам дали ќе игра против Еветон. Во текот на тренингот се чувствуваше добро, но потоа осети болка. Беше во неделата на скенер по што ни стана јасно дека нема да може да игра против Арсенал. Многу ќе зависи од тоа како ќе реагира во следните неколку денови. Оваа сезона веќе имаше проблеми со препоните. Мислам дека ова е истата повреда со која веќе се мачеше“, изјави Хау кој не верува дека Исак ќе треба да помине низ оперативен зафат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА