Њукасл го носи најзвучното засилување досега!

Англискиот премиер-лигаш Њукасл по доаѓањето на сопственицитие од Саудиска Арабија станува озбилен тим на трансфер-пазарот.

Откако веќе доведоа неколку засиувања, сега нивна цел е најзвучното име откако на чело на клубот се сопствениците од Саудиска Арабија.

Премиерлигашот тргна по потписот на ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио. Асенсио нема стандардно место во тимот на „кралевите“, а тие без проблеми би го ослободиле од обврските за сума од 50 милиони евра.

За богатите саудијци оваа сума не претставува проблем па затоа големи се шансите Шпанецот во новата сезона да биде дел од тимот од „Сент Џејмс парк“.

Се вчитува...