Вест Хем неочекувано загуби со 3-2 на гостувањето против Њукасл, пораз што би можел скапо да ги чини „чеканите“ во трката за четвртото место и пласман во Лигата на Шампионите.
Клучен момент беше големата грешка на Досон, кој ја загуби топката во 35. минута, во контранападот Диоп си постигна автогол по обидот на Сан-Максиман, а згора на тоа Досон доби црвен картон поради грубиот старт на средината од теренот. Само неколку минути подоцна Њукасл поведе со 2-0 преку Жоелинтон, кој ја казни огромната грешка на голманот Фабијански.
Вест Хем демонстираше карактер, па и со играч помалку успеа да се врати, Диоп намали на 2-1, а Лингард потоа од пенал израмни на 2-2. „Чеканите“ се надеваа и на целосен пресврт, но наместо тоа стигна третиот гол на Њукасл, Вилок беше стрелецот на погодокот со кој „црно-белите“ стигнаа до значајни три бода во битката за опстанок.
Вест Хем по овој пораз остана на четвртото место со 55 бода, еден повеќе од петтопласираниот Челси и плус три во однос на Ливерпул на шестата позиција (но и меч повеќе од овие два ривали).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА