Њукасл и Селтик во трка за Фернандо Торес

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на оваа сезона, и веднаш доби две убави понуди каде би можел да ја продолжи кариерата. Англискиот премиерлигаш Њукасл е заинтересиран повторно да го врати Ел Нињо во Премиер – лигата. Таму менаџер е неговиот стар познаник од Ливерпул, Рафаел Бенитез.

Исто така и шкотскиот првак Селтик посакува да го види Фернандо Торес во своите редови од следната сезона. на клупата на Селтик е уште еден поранешен „ливерпуловец“, Брендан Роџерс. Покрај ова, Торес од поодамна има понуда и за преселба во Кина.

Се вчитува...