Њукасл сака да го врати Балотели во Премиер – лигата

Англискиот премиерлигаш Њукасл е подготвен да му даде нова шанса на контроверзниот напаѓач Марио Балотели во Премиер – лигата. Тој изминатиот период беше во Франција и го носеше дресот на Ница, но раководството на клубот одлучи да не ја продолжи соработката. Менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез, добро ги знае квалитетите на Балотели и смета дека може да ги искористи во обидот на клубот да избори опстанок во елитата.

Ница бара минимална отштета за Балотели од само 1,5 милион евра, што секако е многу прифатлива опција за Њукасл. Но, ќе треба Бенитез да го смирува темпераментот на италијанскиот напаѓач. Претходно, Балотели во Англија беше дел од Манчестер сити и од Ливерпул.

Најзаинтересиран за услугите на напаѓачот во моментот е францускиот прволигаш Олимпик Марсеј.

Се вчитува...