Екипата на Њукасл направи голем чекор назад во битката за најдобрите екипи во Премиерлигата, откако одигра нерешено без голови на гостувањето кај последнопласираниот тим на Вулверхемптон.
Сосема очекувано, Њукасл имаше повеќе од поседот на топката и од шансите, но неколкуте одлични интервенции на Жозе Са не дозволија гостите да си заминат со триумф.
Во првиот дел Са го одбрани ударот на Жоелтион. Трипие имаше сериозна прилика во 79. минута кога шутираше само крај голот од слободен удар. Жоеилтон имаше супер прилика во 85. минута, но со глава се обиде само во рацете на Са, со што ја пропушти и последната прилика на мечот за да дојде до триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

