Њукасл, сепак, нема да добие саудиски сопственик?

Англискиот премиерлигаш Њукасл најверојатно нема да добие богат сопственик од Саудиска Арабија. Инвестициски фонд предводен од саудискиот принц Мохамед бин Салман требаше да го купи Њукасл за 300 милиони фунти, но зделката најверојатно нема да биде комплетирана. Една од главните причини за тоа е одлуката на Судот во Саудиска Арабија да го забрани емитувањето на „beiN sports“, носителот на ТВ правата вредни 500 милиони фунти, да ја пренесува Премиер – лигата на тоа подрачје.

Доколку зделката пропадне, Њукасл и следната сезона би останал во сопствеништво на Мајк Ешли, човекот кого навивачите го презираат и долг период водат „војна“ за да го продаде клубот. Менаџерот на Њукасл, Стив Брус, јавно го поддржа евентуалното преземање на клубот од саудиските милијардери, но очигледно дека шансите тоа да се случи се се помали.

 

Се вчитува...