Њукасл влегува во трката за Хесус Навас

Повратникот во елитното англиско фудбалско друштво, тимот на Њукасл, е заинтересиран за ангажман на шпанскиот интернационалец Хесус Навас, кој си замина од Манчестер сити. Тој во моментот е слободен агент, а Њукасл сака тоа да го искористи и да го доведе овој искусен крилен играч во своите редови.

За Хесус Навас постои интерес и од италијанските клубови Рома и Лацио, но раководството на Њукасл се надева дека ќе пресуди неговата желба и понатаму да биде дел од Премиер – лигата. Менаџерот Рафаел Бенитез е подготвен да му понуди двегодишен договор на Шпанецот и годишна плата од 4 милиони фунти.

Се вчитува...