Њукасл Јунајтед се соочува со огромен притисок, ако остане без ЛШ ќе остане и без врвниот голгетер

Њукасл Јунајтед би можел да остане без услугите на својот најдобар фудбалер, голгетерот Александар Исак доколку не избори место во Лигата на Шампионите за престојната сезона, информираат англиските медиуми.

Швеѓанецот и оваа сезона блеска во дресот на тимот од северот на Англија, за неговите услуги се заинтересираат и најголемите европски гиганти па доколку Њуксал Јунајтед одново не заигра во најелитното фудбалско натпреварување ќе се соочи со огромна загуба.

Исак кој оваа сезона постигна 17 голови и забележа пет асистенции на 22 одиграни натпревари во Премиерлигата е трансфер мета на Барселона, Арсенал и ПСЖ, клубови кои и не би имале потешкотии да ја одвојат посакуваната цена на Њуксал Јунјатед од 100 милиони евра за негов ангажман.

Се вчитува...