„Нули“ во Дортмунд и во Бриж на полувремето

Нема голови на двата натпревари во осминафиналето во Лигата на шампионите кои се играат во Дортмунд и во Бриж.

Борусија Дортмунд и Челси играат интересен меч со шанси на двете страни. Феликс ја погоди пречката од голот на Кобел, додека најдобрата шанса за Борусија ја имаше Волф кој шутираше за малку непрецизно. Се чини дека Челси беше поблиску до гол, и има поголема контрола, но нема реализација.

На вториот меч Бриж постигна гол на крајот од првиот дел, меѓутоа беше поништен поради играње со рака. Гонзало Рамош, Рафа Силва и Антонио Силва се заканија кај Бенфика, меѓутоа не реализираа. Рафа Силва ја погоди стативата од голот на Мињоле.

Се вчитува...