Нуњез донесе победа за Уругвај, продолжи мизеријата на Чиле (ВИДЕО)

Во сенка на инцидентот на дербито меѓу Бразил и Аргентина, се одиграа и другите натпревари од 6. коло во јужноамериканските квалификации за пласман на Светско првенство.

Уругвај продолжи со победите, и се искачи на втората позиција откако ја совлада Боливија со 3-0. Херој беше Дарвин Нуњез кој постигна два гола, додека едниот беше автогол.

Колумбија направи голем чекор напред со победата над Парагвај на гости. Продолжува очајната форма на Чиле. Чилеанците загубија на гостувањето во Еквадор, и сега се најдоа во опасната зона, на осмата позиција коja не носи на Мундијалот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...