Нури излезе од интензивна нега и дише самостојно

Раководството на Ајакс преку соопштение до јавноста информираше дека дошло до подобрување на состојбата кај Абделнак Нури, кој колабираше за време на пријателскиот натпревар со Вердер одигран на 8 јули.

Откако петнаесетина дена беше држен во вештачка кома, Нури почнал самостојно да дише и го напуштил одделението за интензивна нега. За жал, состојбата околу сериозните нарушувања на функционирањето на мозокот воопшто не е подобрена, па тој се уште не ги препознава своите најблиски.

Од името на семејството на Нури, сакаме да ја информираме јавноста дека Абделнак ја напушти „интензивната нега“ и моментно се наоѓа во дел од болницата со име „средна нега“. Тој исто така диши самостојно, што е добра вест. Се останато останува непроменето од претходните извештаи, целокупниот здравствен билтен му е стабилен, но со тешки и трајни оштетувања на мозокот. Семејството Нури уште еднаш се заблагодарува на сите оние кои даваат поддршка и се молат за здравјето на нашиот фудбалер“ – се вели во соопштението на гигантот од Амстердам.

Се вчитува...