Нурмагомедов го избриша ова видео: Бескруполозниот Хабиб некогаш срамно „тормозеше“ беспомошни лица… (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов е еден од најспомнувани спортисти деновиве во светот по моќната победа на УФЦ 229 против Конор МекГрегор, со што ја одбрани УФЦ титулата во лесна категорија.

Сенка на победата фрли инцидентот кој следеше по мечот кој го предизвика Нурмагомедов, а во кој потоа се вклучија тимовите на двајцата. Нивниот меч деновиве предизвикува големо внимание и токму поради случувањата надвот од кафезот, па со денови не престануваат деталите за животот на секој од нив.

Нурмагомедов сега се најде во центарот на вниманието и поради видео снимено пред неколку месеци а на кое се гледа како Хабиб бескруполозно тера двајца бескуќници на улиците во Њујорк да прават на улица склекови за да им даде пари.

Тоа видео уште веднаш по неговото објавување предизвика бројни реакции од хуманитарните организации, но и корисниците на социјалните мрежи кои тврдеа дека ниту едно познато лице не би требало да прави такво нешто.

Хабиб тоа видео го објави и на својот профил, но набрзо го избрши. Сепак, неговите противници и приврзаници на МекГрегор деновиве повторно го активираа како потсетување на карактерот на Хабиб….

Се вчитува...