Нурмагомедов се заканува со напуштање на УФЦ!

Хабиб Нурмагомедов испрати остра порака до раководството на УФЦ по изречената суспензија на членот на неговиот тим, Зубиар Тукхугов, кој беше казнет поради учеството во хаосот по борбата со Конор МекГрегор. Работите сепак отидоа предалеку, откако шампионт Хабиб најави дека е подготвен да го раскине договорот со УФЦ доколку казната на неговиот пријател не биде укината.

„Сакам да поставам неколку прашања до УФЦ? Зошто не е казнет никој од нивнито тим, кога го нападнаа мојот автобус и повредија неколку луѓе. Можеа да убијат некого, а зошто никој не зборува за навредите на мојата татковина, религија, нација, на моето семејство? Зошто го казнувате мојот тим, кога се тепаа двата. Ако велите дека јас сум почнал, не се сложувам, јас само го завршив она што тие го почнаа. Во секој случај, казнете ме мене, а Зубиар нема ништо со тоа. Ако мислевте дека ќе молчам, се лажете. Ја одложивте неговата борба бидејќи го удрил Конор, но заборавивте дека тој најпрвин го удри мојот брат, што лесно се гледа и на видео-снимката. Ако решите да го казните, треба да знаете дека ме губите и мене. Ние не се откажуваме од своите браќа, и јас ќе одам до крај за мојот брат. Ако се уште планирате да го казните, не заборавајте да ми го испратите и раскинот на договорот, или јас самиот ќе го раскинам. И уште една работа, можете да си ги задржите парите што ми ги должите, гледам дека сте преокупирани со нив. Ние ја одбранивме својата чест и тоа е најважно од се. Одиме до крај“ – порача Хабиб Нурмагомедов.

На потег се челниците на УФЦ, кои ќе треба да попуштат пред новиот шампион или да останат на својата одлука за Тукхугов, и да видат дали Хабиб блефира или е подготвен да го напушти овој спорт.

Се вчитува...