Нуров и Егоров ќе се борат за бронза на ЕП во Романија

Македонските борачи Магомедгаџи Нуров и Владимир Егоров се пласираа во полуфиналето на Европско првенство за сениори што се одржува во Букурешт, Романија.

Магомедгаџи Нуров во категоријата до 97 кг, вечерва од 17 часот ќе се бори против Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан). Тој претходно во осминафиналната борба беше подобар од Симоне Јанатони (Италија) со 11-0, а во четвртфиналето го победи Мурази Мкедилдзе (Украина) 5-4. Во полуфиналето, Нуров загуби убедливо од Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-12 и ќе се бори за бронза.

Во категоријата до 57 кг, Владимир Егоров обезбеди пласман во малото финале. Тој во осминафиналето загуби од Муслим Садулаев (Русија) со 2-5, но помина во репасаж и со туш го совлада Леван Метревели Вартанов (Шпанија).

Во борбата за третото место, вечерва од 17 часот, Егоров на душекот ќе се пресмета со Андреј Дуков (Романија).

Фати Вејсели, во категорија до 65 кг, доживеа пораз во елиминациските борби од Жосеф Молнар (Унгарија) со 4-5 на поени.

Во текот на денот ќе се бори и Елмедин Сејфулау, во категорија до 61 кг. Тој има директен пласман во четвртфиналето, а ќе се бори против Бека Ломтадзе (Грузија).

Се вчитува...