Нуров поразен: Остана без бронза на Европските игри во Минск

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров не успеа да стигне до посакуваниот бронзен медал на Европските игри во Минск.

Нуров во мечот за третото место загуби од  Белорусинот Александар Хуштин со 3-1, по судиски одлуки во последните седум секунди во кои доделија два поени за противникот за конечна победа. Претходно, македонскиот борач имаше негатива од 0-1 но успеа да израмни и да биде рамноправен се до финишот на борбата.

На крајот Магомедгаџи Нуров заврши на петтото место во својата категорија на Европските игри во Минск.

Се вчитува...